strumica denes logo

Во Струмица пристигна благодатниот оган

Автор:

Датум:

април 7, 2018

Категории:

Струмица Денес

Автор:

Датум:

април 7, 2018

Категории:

Струмица Денес

Околу 10 часот вечерва благодетниот оган од Ерусалим пристигна и во Струмица. Претходно огнот од синодот на Македонската православна црква беше пречекан на скопскиот аеродром. Во очекување на објавувањето на Христовото Воскресение, ширум храмовите во државата се носи светиот оган. На Велика Сабота во присуство на голем број христијани свештеници и монаси во Црквата на Господовиот Гроб во Ерусалим се случува чудото на Благодатниот оган. Оганот се запалува во Кукувлија откако Патријархот ќе влезе во него. Благодатниот оган потоа се пренесува до сите цркви каде Велигден се чествува според јулијанскиот календар.