Соработката на струмичкиот стилист со еден од најдобрите фудбалери во премиер лигата кој е ново засилување на Манчестер Јунајтед продолжува! Станува збор за добро познатиот Немања Матич кој претходно играше во Челзи. Доне вели дека е среќен што повторно имаше прилика да се погрижи за неговиот стил. Манчев исто така ни откри дека Немања рекол дека еден ден сака да ја посети Струмица.