strumica denes logo

СТРУМИЧАНИ МИНАТАТА НЕДЕЛА МЕЃУ НАЈЗАБОЛЕНИТЕ ОД ГРИП!

Автор:

Датум:

март 22, 2018

Категории:

Струмица Денес

Автор:

Датум:

март 22, 2018

Категории:

Струмица Денес

Во текот на изминатата недела (од 12 март до 18 март), во Република Македонија се регистрирани 1.304 заболени од грип, што е намалување за 31 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 1.980 заболени од грип, се наведува во извештајот што на својата веб страница го објави Институтот за јавно здравје.

Во однос на 11-тата недела од минатата сезона која се карактеризираше со ран почеток и пик на активноста, оваа сезона бројот на заболени е зголемен за 13 пати. Регистрираната инциденца oваа недела е во рамки на неделната граница на ниска (сезонска) активност на вирусот на грип.
Досега, најголем број на заболени лица – 2.968 се регистрирани во ЦЈЗ Скопје, а поголем број е пријавен и во ПЕ Гостивар (2.249) и ЦЈЗ Струмица (2.103). Највисока инциденцата од 3.536,7 на 100.000 жители е регистрирана на подрачјето на ПЕ Кавадарци.