Група на струмичани кои се на одмор во грчкото летувалиште Никити ни испратија видео од страшното невреме која ја зафати Грција.
Нестабилното време деновиве донесе обилни врнежи од дожд на целиот Балкан, а најголем проблем има Грција, каде што многу плажи и улици се под вода, која на некои места носеше и автомобили
Според грчките медиуми на Халкидики најкритично е на средниот крак Ситонија, каде што се поплавени куќи и други објекти. Во Никити на Ситонија преплавени се патишта, што предизвикало проблеми во сообраќајот, а водата кон морето повлекла и повеќе возила, јави грчката агенција АНА.