strumica denes logo

Семејство од струмичко се жали дека го изгубило правото на додаток за трето дете

Автор:

Датум:

јуни 23, 2018

Категории:

Струмица Денес

Автор:

Датум:

јуни 23, 2018

Категории:

Струмица Денес

Ангела Стоева е невеста од Алабанија која од 2010 година живее во струмичкото село Штука каде е мажена. Мајка е на три деца. Од 2015 година таа е државјанин на Република Македонија. Во 2016 година откако ја добила третата ќерка го остварила и правото за добивање родителски додаток за трето дете. Додатокот го добивала 17 месеци, но откако во јануари годинава согласно процедурите поднела барање за обнова на документите добила известување за укинување на додатокот. Ја известиле дека тоа право го губи бидејќи на денот кога прв пат поднела барање не била државјани на Република Македонија најмалку три години како што стоело во законот, објави Сител.

-Викаат немам право на додаток за трето дете оти не сум имала претходно три години државјанство, пред да се роди Дениса. Јас имам осум години тука. Право на државјанство може да се добие после три години престој, четвртата година може да добиеш државјанство. Два пати јас си ги обновував документите и немаше никаков проблем. Не ми кажа никој ниту првиот пат, ниту вториот пат оти има проблем за државјанството. Оваа година викаат во социјалното немам право. Значи јас за се има право за децата, само за трето дете немам право, тоа не е исправно, објасува Стоева.

Ангела вели доколку не ги исполнувала условите тоа требало да и се каже уште на почетокот кога прв пат поднела документи за остварување на ова право. Воопшто не и е јасно како година ипол се било во ред, а сега се јавува проблем. Вели таа не е единствена, со истиот проблем се соочиле уште неколку мајки од нејзиното село кои исто така биле дојдени како невести од Алабанија. Револтирана е бидејќи нејзните деца кои се државјани на Република Македонија неможе да ги користат правата кои им следуваат.

-Тоа е проблем. И мажот ми вика јас сум Македонец, децата ми се од Македонија, имаат и тие македонско државјанство, зошто да не добиваат? Децата треба сите да се исти, не албанки, муслиманки, турчинки или македонци, треба сите да сме исти во таа држава, вели Ангела.

Од центарот за социјални работи во Струмица го потврдија случајот. Од таму информираа дека решението било донесено по извршениот вонреден инспекциски надзор, а тие како центар биле должни само да го спроведат истото. Вакви решенија добиле околу триесетина корисници на додаток за трето дете. Дел од нив биле поради неправилно поднесување на барањето, а еден дел по основ на државјанство како во случајот на Ангела.

Целиот прилог погледнете го на телевизија Сител