Учениците од ученичката секција „Музички фолклор“ во општинското основно училиште „Никола Вапцаров“ од Струмица, заедно со нивните наставници и претставник од општина Струмица, ги посетија фолклорните ансамбли „Тримери“ и „Кардешлик“ од Струмица. За негувањето на културата, фолклорот и традициите на македонската и турската заедница, учениците непосредно сезапознаа со музиката, инструментите, носиите и други реквизити кои ги користат играорците на овие две фолклорни дружини. Заедничкото оро и испеаните песни, за учениците од секцијата беа едно ново искуство, што всушност е и дел од активностите од проектот „Јакнење на меѓуетничката соработка во општините“, финансиран од Детската Фондација Песталоци, во кој оваа учебна година за првпат е вклучено и ова основно училиште.
Проектот е имплементиран од Македонскиот центар за граѓанско образование од Скопје, во соработка со Бирото за развој на образованието на Република Македонија, со повеќегодишна поддршка од градоначалникот и Советот на општина Струмица.
Секцијата „Музички фолклор“ од општинското основно училиште „Никола Вапцаров“ во посета на фолклорни ансамбли во Струмица
Денес се празнува Светиот пророк Захарија и праведна Елисавета
Родители на светиот Јован Претеча. Захарија беше син Варахиин, од родот на Авиј, кој ја држеше осмата чреда на богослужење…
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со ретки грмежи и пообилни…
Од неделата попладне, 15 септември, 23 годишната Теодора Малинова од Велес заминала од нејзиниот дом, заедно со двегодишната ќерка. Тие…
На денешната собраниска седница пратеникот Цеков праша дали градоначалникот на општина Струмица аплицирал до Владата да добие финансиски средства за…
ТЕШКОТО ДЕТСТВО НА ИЛОН МАСК – ПРЕКУ ТРЊЕ, ДО ЅВЕЗДИТЕ!
На 13 септември, „laSexta Columna“ ја посвети својата програма на технолошкиот претприемач Илон Маск. Сопственикот на X, порано Твитер, е…
Откриено е како комарците ве лоцираат и напаѓаат!
Има нешто кај луѓето што комарците едноставно силно ги привлекуваат. Освен мирисот и здивот, на нив изложената човечка кожа делува…