strumica denes logo

Се одржа Инфо ден за Јавен повик за проектот „Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан“

Автор:

Датум:

март 27, 2018

Категории:

Струмица Денес

Автор:

Датум:

март 27, 2018

Категории:

Струмица Денес

Во салата на Советот во домот на АРМ, денеска, се одржа Инфо ден за објавување на Јавен повик за граѓанските организации за поднесување предлог проекти во рамките на проектот „Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан“. Проектот се реализира во партнерска соработка помеѓу општина Струмица и Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, а неговата цел е јакнење на партнерството меѓу локалната власт и граѓанските организации и проширување на нивните капацитети.