На 25 јуни 1956 роден е Борис Трајковски, вториот по ред претседател на Република Македонија (од 15 декември 1999 година, до 26 февруари 2004 година). Трајковски дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот „Светите Кирил и Методиј“ во Скопје. Од крајот на 1998 година бил заменик-министер за надворешни работи на Република Македонија во Владата на Љубчо Георгиевски. Учествувал на многубројни меѓународни конференции на тема разрешување на конфликти, религиозна толерантност, религиозна слобода, а бил и претседател на Младинската организација на Обединетата методистичка црква во Југославија повеќе од 12 години. Борис Трајковски трагично умрел на 26 февруари 2004 година во авионската несреќа што се случи во планински предел во близина на Мостар. На пат кон Сараево во истиот авион патувале вкупно девет членови на неговиот кабинет и сите трагично ги загубиле животите.
НА ДЕНЕШЕН ДЕН Е РОДЕН БОРИС ТРАЈКОВСКИ
Од Пергија Памфилиска. Брзо ѝ се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека…
Времето денес ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува…
ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против В.М.(39) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На…
Утре е голем и тежок христијански празник Св. Архангел Михаил кој секоја година се слави на 21 ноември, а по…
На 28 Ноември во 19:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, ќе настапи група составена од студенти-волонтери од различни…
На почетокот на видео обраќањето Орбан ги откри причините за свикување на вонредната седница на унгарскиот совет за одбрана. „Среда…