Зоран Витанов: “Храброста е еден услов за успех, а овој свет е направен за храбрите да успеат“

мај 6, 2019

Од учество во политиката до успешен бизнисмен кој е инспирација за многумина. Претседател на Lyconet International, основач на Асоцијацијата на менаџери во Македонија заедно со уште неколку други организации, мотивациски говорник и добар економист.

Ексклузивно интервју посветено на претприемништвото со г-дин Зоран Витанов.

Кој е Зоран Витанов? Може ли нешто за твоите почетоци?

Зоран Витанов е среќно оженет човек, татко на три прекрасни деца, по професија економист кој што е заљубен во својата професија и во своето семејство. Роден во Струмица, образован во основно и средно училиште во Струмица, пораснат во Струмица, а веќе од 1998-та година сум во Скопје заедно со моето семејство.

Што моментално работи Зоран Витанов?

Во моментов градам една маркетинг платформа која што успеав да ја раширам во повеќе од 30 држави низ светот на сите континенти. Станува збор за една многу едноставна платформа каде што им овозможуваме на армија потрошувачи да си заштедат поради тоа што ние во нивно име договараме попусти и од тој бруто обрт исто како Visa и Mastercard ние заработуваме одреден мал дел. Меѓутоа разликата помеѓу нас и останатите е во тоа што провизијата останува кај нив, а ние овозможуваме од бруто обртот самиот купувач вечно да си штеди додека пазари. Од тој бруто обрт, трговците на нас ни даваат одредена посредничка провизија. За да ви стане уште појасно што работам, ние сме исто како Booking, меѓутоа не сме Booking само на сместување, туку сме на секаков вид на купување. Тоа што посебно сакам да го кажам е дека од бруто обртот, одереден дел одвојуваме за нашите две фондации. Едната е за едукација на деца и семејство, а другата е за еколошки проекти и се вика Greenfinity.

Основач сте на Асоцијацијата на менаџери на Македонија…

Јас сум основач на Асоцијацијата на менаџери на Македонија и основач на Асоцијацијата на менаџери на Југоисточна Европа. Тоа навистина ме прави горд бидејќи имавме едно глобално незадоволство од светските политичари, нормално и од нашите локални и одлучивме дека премногу е безобразно да немаат право на одлучување во буџетот оние што го полнат, а да одлучуваат тие што го празнат буџетот. Одлучивме да се здружиме дури и направивме едно големо европско движење кое што сакаме да го развиеме како светско. Идејата ни е да ги минимизираме влијанијата на политичарите кои навистина немаат никакво знаење од економија и носат економски одлуки кои што оштетуваат генераци за 100 години.

Целосното интервју може да го погледнете на следниот ЛИНК

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ