Во моментот цената на гасот во Европа скокна за 35 проценти!

февруари 24, 2022
This file photo taken on December 29, 2006 shows a Belarus worker on duty at a gas compressor station of the Yamal-Europe pipeline near the town of Nesvizh, some 130 km southwest of Minsk. Belarussian President Alexander Lukashenko on June 22, 2010 ordered the shutdown of transit of Russian gas supplies to Europe after Russia cut supplies to Belarus by a third in a debt dispute. AFP PHOTO / VIKTOR DRACHEV

Во исто време „Ројтерс“ јавува дека протокот на природен гас преку гасоводот Јамал-Европа кон Полска денеска е преполовен…

Цената на гасот во Европа утринава скокна за 35 отсто, надминувајќи го нивото од 1.400 долари за 1.000 кубни метри, покажуваат податоците на лондонската берза ICE.

Гасот за испорака во март е договорен во холандскиот центар ТТФ по цена од 1.414,5 долари за илјада кубни метри, што е 120 евра за мегават час, пренесува ТАСС.

Во исто време „Ројтерс“ јавува дека протокот на природен гас преку гасоводот Јамал-Европа кон Полска денеска е преполовен, а засега не се знае дали намалувањето на протокот е поврзано со ситуацијата во Украина, каде Русија започна со специјална воена операција.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: