strumica denes logo

Вложувате 5.000 евра, а државата ви плаќа камата од 500 евра за две години – зошто да купите државна обврзница?

Автор:

Датум:

август 11, 2023

Автор:

Датум:

август 11, 2023

Што е граѓанска обврзница?

Граѓанската обврзница е државна хартија од вредност која е исклучиво наменета за граѓаните – државјани на Република Македонија. Кога Вие како граѓани купувате обврзница од државата, тоа значи дека на државата и давате одредена сума пари на одреден рок еднаков на рочноста на обврзницата, а државата ќе Ви ја врати таа сума на датумот на достасување на обврзницата и дополнително ќе Ви исплати годишна фиксна камата.

Како се пресметува каматата?

Купонската каматна стапка на 2-годишната граѓанска обврзница изнесува 5,00% и се исплаќа еднаш во годината. На пример: Доколку вложите 100.000 денари во граѓански обврзници, износот на купонската каматa на крајот на првата година ќе изнесува 5.000 денари. На крајот на втората година ќе Ви се исплати и втората купонска камата во износ од 5.000 денари, како и главницата од 100.000 денари (вложениот износ) или вкупно за 2 години 10.000 денари камата за инвестиција од 100.000 денари.

Кој е минималниот износ за купување на граѓанска обврзница?

Минималниот номинален износ на една граѓанска обврзница е 10.000 денари.

Како може да купам граѓанска обврзница?

Граѓанска обврзница може да купите доколку сте државјанин на Република Македонија. Со посета на еден од шалтерите на сите комерцијални банки во државата на кој треба да пополните барање за учество на аукцијата и да извршите уплата на паричниот износ за кој сакате да купите граѓански обврзници.