strumica denes logo

Владата ќе забрани увоз на руска нафта во Македонија

Автор:

Датум:

февруари 8, 2023

Автор:

Датум:

февруари 8, 2023

Министерот за економија, Крешник Бектеши на вчерашната прес-конференција информираше дека Владата ќе забрани увоз на руска нафта во Македонија.

Како што додаде тој, Владата ќе ја почитува санкцијата од ЕУ кон Русија и се чека протоколарно тоа да биде сторено од неговиот колега, Бујар Османи.

„Како влада политиката е да ги следиме сите санкции кои ги носи Европската комисија, генерално Европската унија тие се нашите стратешки партнери и така најверојатно и ќе продолжиме“, рече Бектеши.