strumica denes logo

Тренчевска: За 12 месеци пензиите се покачија за 16 отсто, нешто што никогаш не се случило претходно!

Автор:

Датум:

февруари 1, 2023

Автор:

Датум:

февруари 1, 2023

„Целна група која е наш висок приоритет се пензионерите и затоа направивме измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Воведовме нова методологија и систем што значи постојан раст на пензиите и нивно усогласување два пати во годината согласно трошоците за живот и просечната плата“ рече министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска на годишната конференција „Година на нови можности“.

Таа додаде дека дури и во услови кога нема да има инфлација, а ќе расте платата ќе растат и пензиите и најави дека во март се очекува ново покачување на пензиите од 5 отсто.

„За 12 месеци ќе имаме раст на пензиите од 16 отсто, нешто што досега не се случило за толку краток период толкаво покачување. Во септември очекуваме повторно усогласување на пензиите и тие повторно ќе растат“ рече Тренчевска.

Министерката кажа дека покрај системските решенија за минимална плата и пензиите Владата донесе и два пакети антикризни мерки со кои им помогна на најранливите категории на граѓани.