СМРЗНАВМЕ СРЕДЕ ЛЕТО: Поскапуваат основните животни производи и струјата!

јули 2, 2023

Граѓаните се во паника, бидејќи, според нив, и пред да се укинат маржите, веќе поскапеле некои производи. Нивните забелешки се однесуваат на цените на млекото, јогуртот и на другите млечни производи, особено е евидентен растот кај белото сирење, кашкавалот и кај павлаката. Нивните очекувања не се оптимистички, особено што очекуваат и повисоки сметки за струја. Според нив, и други цени летово ќе одат нагоре, што ќе биде дополнителен товар за семејниот буџет

Од први јули годинава повеќе не важи одлуката за ограничување на трговските маржи на основните прехранбени производи. Според тоа, цените на производите во иднина ќе бидат утврдувани од трговците според пазарните услови. Граѓаните се во паника, бидејќи, според нив, и пред да се укинат маржите, веќе поскапеле некои производи. Тие се плашат дека сега цените дополнително ќе скокнат. Нивните забелешки се однесуваат на цените на млекото, јогуртот и на другите млечни производи, особено е евидентен растот кај белото сирење, кашкавалот и кај павлаката. Нивните очекувања не се оптимистички, особено што очекуваат и повисоки сметки за струја. Според нив, и други цени летово ќе одат нагоре, што ќе биде дополнителен товар за семејниот буџет.

Досега во сила беше владината одлуката за ограничување на трговските маржи со која беа опфатени белиот леб, шеќерот, сончогледово масло, брашното од пченица, тип 400 и тип 500, макароните, шпагетите, оризот, трајното кравјо млеко, јајцата, урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот. Од Министерството за економија ја смируваат топката и потенцираат дека се следи состојбата и дека засега домашните цени се стабилизирани.

ИЗВОР: ВЕЧЕР.МК

КЛИКНИ НА ЛИНКОТ ЗА ЦЕЛОСНАТА ВЕСТ: https://www.vecer.press/%D0%B6%D0%B5%D1%88%D0%BA%D0%B8%D0%BE%D1%82-%D1%98%D1%83%D0%BB%D0%B8-%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B5%D1%81%D0%B5-%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%BF-%D0%B6%D0%B8%D0%B2%D0%BE%D1%82-%D0%BF%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B0%D0%BF/

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ