Саламите и колбасите од јули ќе поскапат, поради зголемената цена на суровината

јуни 22, 2023

Саламите и колбасите од јули ќе поскапат, поради зголемената цена на суровината. За да не ги зголемат цените на крајните производи компаниите од месната индустрија досега се снабдуваа со поевтина суровина од Канада, но и таа сега ја изедначи цената со онаа на европските берзи. Поради скапата суровина компаниите ќе мора да ги зголемат цените откако ќе ги потрошат залихите од евтиното замрзнато свинско месо. Според познавачите на состојбата на пазарот, ако Владата не ја тргне царината за замрзнато свинско месо од јули ќе имаме нови повисоки цени на сувомесните производи.

Сувомесните производи ќе поскапат поради тоа што Владата не ја тргна царината за замрзнатото свинско месо. За да не ги зголемат цените на крајните производи компаниите од месната индустрија досега се снабдуваа со поевтина суровина од Канада, но и таа сега ја изедначи цената со онаа на европските берзи. Поради скапата суровина компаниите ќе мора да ги зголемат цените откако ќе ги потрошат залихите од евтиното замрзнато свинско месо. Според познавачите на состојбата на пазарот, ако Владата не ја тргне царината за замрзнато свинско месо од јули ќе имаме нови повисоки цени на сувомесните производи.

-Компаниите од месната индустрија веќе подолго време бараат да се тргне царината на суровината за преработувачката индустрија, бидејќи во државата немаме домашно производство на суровина, но немаме ни доволно свежо месо за консумација. Компаниите од оваа индустрија бараат да се тргне царината само за она месо кое е наменето за преработки, а останатото месо да се царини. Но, оваа мерка не се донесе и сега тие се ставени во нерамноправна положба во однос на производителите од регионот, информираат за весникот ВЕЧЕР од Групацијата за преработка на месо и производи од месо при Стопанската комора.

Од Комората велат дека досега компаниите од месната индустрија се снабдуваа со поевтина суровина од Канада, но таа ги качи цените колку во Европа. Така сега поради поскапата суровини компаниите од месната индустрија ќе мора да ги покачат цените на сувомесните производи, а тоа ќе се случи кон крајот на јули кога ќе ги потрошат залихите од евтино канадско замрзнато месо.

Месната индустрија плаќа висока царина од 20 до 40 отсто за основната суровина, која во Босна и Херцеговина и Црна Гора не се плаќа, а во Србија стапките се многу ниски и изнесуваат од 6 до 9 отсто. Поради тоа домашните производители се ставени во нерамноправна положба во однос на земјите од регионот и наместо да извезуваат тие се борат за задржување на домашниот пазар.

 -Готовите сувомесни производи, кои се увезуваат се без царина, на нив само се плаќа ДДВ, а ние плаќаме 20 до 30 отсто царина за увоз на суровини. Со тоа сме ставени во нерамноправна положба во однос на земјите од регионот и се бориме за задржување на домашниот пазар, бидејќи увозните производи се поевтини од домашните, велат за весникот ВЕЧЕР од една месна индустрија.

Оттаму додаваат дека досега цените ќе беа повисоки за минимум 20 отсто ако набавуваа скапа суровина од Европа. Наместо тоа тие најдоа поевтини пазари и успеаја цените да ги задржат на исто ниво. Но, сега веќе ќе мора да ги покачат цените, бидејќи немаат евтина суровина, а државата не им овозможи бесцарински увоз на замрзнато свинско месо.

Потрошувачите се жалат дека сувомесните производи и сега за луксуз за нивните плати и оти можат да си дозволат само посебна салама и некоја поевтина шунка. Велат дека печеницата и пршутата кои стигнаа и до 900 денари за килограм не се за нивниот џеб.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ