strumica denes logo

ПРЕМИЕРОТ КОВАЧЕВСКИ: Денеска, бев лично да се уверам во фактичката состојба со производството и испораката на белиот и полубелиот леб во маркетите!

Автор:

Датум:

март 3, 2023

Автор:

Датум:

март 3, 2023

Димитар Ковачевски, премиер на Република Македониja:

Денеска, бев лично да се уверам во фактичката состојба со производството и испораката на белиот и полубелиот леб во маркетите. Го разбирам револтот на граѓаните за потегот од страна на трговците и производителите на лебот, како реакција на одлуката за замрзнување на цената на белиот и полубелот леб на 33 денари, што се одрази негативно на секојдневните потреби на граѓаните.

Со новата владина за одлука за снабдување на лебот со замрзната цена, го штитиме стандардот на граѓаните.

Ги обврзуваме трговците на мало кои продаваат леб во дневната набавка на сите видови леб да имаат најмалку 80% од лебот по цена од 33 денари. Пекарите имаат обврска да го произведуваат и да го ставаат во промет белиот и полубелиот леб, во количина од најмалку 80% од производството. Граѓаните мора да ги имаат основните производи!