Почнува исплатата на пензиите – Покачувањето доаѓа веќе од следниот месец

август 30, 2023

Исплатата на августовската пензија се очекува да започне на први септември.

На сметките на пензионерите кои примаат пензија до 14.000 денари пензијата ќе им биде исплатена на 1. септември, додека на останатите во следните денови.

Пензијата изминатиот период се исплаќаше некогаш и предвреме, но од минатиот месец најверојатно започна да се исплаќа во законскиот рок. Практиката за исплата на пензиите предвреме беше воведена за време на коронавирус кризата, а некогаш и за време на големите христијански и муслимански празници.

Од следниот месец следува покачување од 6,8 отсто.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ