strumica denes logo

Општина Струмица со „Натура Нова“ брендираше 15 производи од планината Беласица

Автор:

Датум:

август 23, 2019

Автор:

Датум:

август 23, 2019


Денес во Струмица во рамките на проектот „Заштита на биодиверзитетот и економски развој во регионот на планината Беласица, преку брендирани други шумски производи“ беа презентирани палета од 15 видови шумски производи од планината Беласица. Проектот е партнерство помеѓу „Натура Нова“ и Општина Струмица, а финансиран од Европската унија. Во објавата на социјалните мрежи на градоначалникот Коста Јаневски стои:

Ми беше задоволство што присуствував на денешниот настан со кој се заокружува 14-месечниот период на имплементација на еден исклучително корисен проект кој е плод на партнерство помеѓу „Натура Нова“ и Општина Струмица. Овој проект насловен „Заштита на биодиверзитетот и економски развој во регионот на планината Беласица, преку брендирани други шумски производи“ е дел од Програмата за подобрување на управувањето со заштитените подрачја, финансиран од Европската унија, а ја спроведува UNDP во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање. Целта на овој проект и на сличните нему е да помогне да се заштитат природните ресурси, истовремено подобрувајќи го и квалитетот на животот на локалното население.
Најважно од се, секако е заштитената палета производи и нивни преработки од 15 видови други шумски производи од планината Беласица, а тука се и креираните мапи со хабитати на шумски производи, пилот системот за одржлива употреба и контрола на биодиверзитетот на Беласица, како и обуката на регистрирани собирачи и обработувачи на шумски производи и персонал за контрола на пилот-системот и негово соодветно промовирање.
Со реализацијата на овој проект, Општина Струмица е прва Општина во државава која поведе постапка за заштита на природата со одржливо користење на диворастечки-природни производи во својот регион, преку заштитени локални производи, брендирани како „Беласица – природен производ“. Се разбира, ваквиот позитивен пример треба да го следат и другите локални самоуправи во земјава.