strumica denes logo

Од полноќ поевтини дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, цените на бензините остануваат исти!

Автор:

Датум:

април 2, 2022

Автор:

Датум:

април 2, 2022

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ се намалуваат за 2,00 денари за литар, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 83,50 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 79,50 денари за литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 денари за литар, додека малопродажната цена Мазутот М-1 НС изнесува 56,130 денари за килограм.

-Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,96 проценти во однос на одлуката од 31.03.2022 година, се вели во денешното соопштение од РКЕ.

Од 2.4.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,50 (денари/литар)

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар)

– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 83,50 (денари/литар)

– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 79,50 (денари/литар)

– Мазут М-1 НС – 56,130 (денари/килограм)

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,957 отсто или за 10,250 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 2,962 отсто или за 34,750 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,851 отсто или за 31,150 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 1,510 отсто или за 10,750 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

–Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,9286 ден/$ и е за околу 0,254 % понизок од курсот на доларот (56,0709 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка, велат од Комисијата.

Напоменуваат дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 2.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.