Бензините поевтинуваат додека цената на дизелот останува на исто рамниште како и со претходната одлука на РКЕ од 01. 12. 2022 година…
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95, се намалува за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-95, изнесува 83,00 ден/литар.
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-98, се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Еуросупер БС-98, изнесува 85,50 ден/литар.
Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V), изнесува 84,50 ден/литар.