Ниту две минимални плати не се доволни за подмирување на домашниот есап, до каде ќе оди скапотијата?!

октомври 12, 2023

На скапотијата како да и нема крај. Ниту две минимални плати не можат да бидат доволни за подмирување на основната потрошувачка кошничка за месец септември. Од ССМ пресметаа дека 120.000 граѓани не заработуваат ниту половина од потребното за основните трошоци, односно се на минималец. Нивните пресметки покажале дека за месец септември биле неопходни 48.379 денари за едно четиричлено семејство. Иако нотираат дека во септември потрошувачката кошница поевтинила за 966 денари, споредено со претходниот месец како резултат на одлуката за загарантирани цени, сепак велат дека сега со покачувањето на ДДВ-то на одреден број артикли од 5 на 10 отсто ефектот на претходната мерка ќе се анулира.

Потсетуваат дека податоците од Државниот завод за статистика од 2020 година покажуваат дека дури 21,8 отсто од населението во земјава живее во сиромаштија. Ја повикаа владата да ја преиспита својата одлука и да го коригира списокот со производи на кои им се покачува данокот, бидејќи, како што велат, голем дел секојдневно се користат од граѓаните.

Освен збунетоста на потрошувачите во големи маки се ставени и трговците кои освен што имаат обврска да ги обележат производите кои се со гарантирана цена, сега треба да пресметуваат и зголем данок на додадена вредност за други стотина артикли. Има и дел од производите кои влегуваат во двете групи. За да се овозможи лесно функционирање на пазарот надлежните денеска ќе се обидат да донесат решние кое ќе биде прифатливо за сите. Даночните експерти веќе сугерираа дека мора да се упрости постапката, а опозицијата повторно обвинува за нефункционалност на институциите поради како што велат лошите политики на власта.

Претходно, владините претставници рекоа дека денеска на владина седница повторно ќе го разгледаат списокот со околу 1.000 производи, бидејќи, како што рекоа, можеби е направена техничка грешка и ќе треба да се направи корекција. Според нив, покачувањето на данокот нема да се одрази врз семејниот буџет, затоа што станува збор за луксузни производи, како и за намирници кои се штетни по здравјето на граѓаните.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ