strumica denes logo

Најавено е големо зимско поскапување – килограм чварки ќе чини 1.500 денари?

Автор:

Датум:

август 16, 2023

Автор:

Датум:

август 16, 2023

Сѐ уште ни се свежи сеќавањата кога пред 4-5 години купувавме килограм чварки за 400 денари, но тоа беше време кога никој од нас не ни помислуваше дека ни претстои пандемија со коронавирус, па војна помеѓу Русија и Украина, па санкции, ценовни шокови, инфлација…

Сега, неколку години подоцна, кога цената на електричната енергија го допре плафонот, кога земјоделските производи на пазарите се продаваат за трипати повисоки цени, кога е намалена вредноста на платите, кога од месарница купуваме мевце „колку да ни замириса манџата“, прашање на време беше кога ќе ја дочекаме и новата цена на чварките што ќе се продаваат во текот на претстојната зима.

Според економистите и познавачите на состојбите на пазарот, еден килограм чварки следната зима ќе достигне цена и до 1.500 денари, а големо поскапување ќе се следува и на сувомеснатите производи и воопшто на месото во месарниците.

-Сувомеснатите производи и сега се продаваат за повисоки цени за разлика од лани. Сланината во минатото беше прилично евтина, но очигледно тоа беше друго време. Пред 3 години чварките се продаваа за 400 денари, а сега ќе се продаваат до 1.500 денари за килограм. Ако чварките во минатото се сметаа за евтин деликатес, овојпат ќе можат да си ги дозволат само богатите – коментираат експертите.

Денар разговараше и со произведувач на чварки, кој секоја година одгледува по неколку свињи за сопствен мерак.

-Порано правевме многу чварки и ги продававме, но тогаш имаше кој да ги купи. Од лани со сопругата одлучивме повеќе да не продаваме чварки, туку да топиме само за нас двајцата и за нашите деца. На пазар лани се продаваа килограм чварки за 700 денари, а нашите досегашни муштерии беа навикнати на старите ниски цени. Сега слушнав дека чварките повторно ќе поскапуваат во текот на следната зима, па дефинитивно нема да продадеме ниту грам. Ако ништо друго, барем знаеме што јадеме и знаеме со каква храна се хранети свињите. Ќе си правиме само за нас. А инаку, во однос на најавената цена од 1.500 денари за килограм, навистина е многу големо поскапување. Секако дека и ние свињарите имаме зголемени трошоци и обврски со свињите во текот на целата година, ама некој треба да работи три дена по 8 часа за да заработи 1.500 денари – ни изјави дедо Живко од Скопје.

Извор: Економски.мк