Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска истакна дека со ваквото усогласување на пензиите се овозможува нивен реален пораст во однос на платите. Додаде дека исплатата на зголемените мартовски пензии ќе почне кон крајот na март, односно некаде од 27. овој месец
Усогласувањето на пензијата за март е согласно владината одлука од минатата година, според која пензиите ќе се усогласуваат двапати годишно – во март и во септември секоја година
Советот за социјална сигурност, кој е во рамки на Министерството за труд и социјална политика (МТСП), денеска го усвои усогласувањето на мартовските пензии кои од месецов ќе бидат покачени за 8,4 отсто. Со тоа, просечната пензија би пораснала за околу 1 500 денари, односно од 17 666 денари се зголемува на 19 150 денари.
Усогласувањето на мартовската пензија е согласно владината одлука од минатата година, според којa пензиите ќе се усогласуваат двапати годишно – во март и во септември секоја година.
Говорејќи во оваа насока, премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека согласно оваа методологија, заклучно со септември годинава, пензиите ќе бидат повисоки за 25 отсто, што, како што нагласи, е нивно најголемо покачување досега.
„Освен ова мартовско усогласување на пензиите, годинава ќе следува уште едно во септември, усогласено според трошоците за живот и порастот на просечната плата. Што значи дека за една календарска година, растот на пензиите ќе биде околу 16 проценти. Со покачувањата на пензиите кои се случија минатата година во март и во септември, заедно со ова покачување и покачувањето кое следува во септември, пензиите ќе бидат поголеми за 25 проценти, што никогаш досега во историјата на државата се нема случено“,
истакна Ковачевски.
Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска истакна дека со ваквото усогласување на пензиите се овозможува нивен реален пораст во однос на платите. Додаде дека исплатата на зголемените мартовски пензии ќе почне кон крајот на март, односно некаде од 27. овој месец.
„Усогласувањето се врши согласно методологијата 50 проценти трошоци од порастот на просечно исплатената плата и 50 проценти од порастот на животните трошоци во Република Северна Македонија“,
истакна Тренчевска.
Министерката потенцира дека во наредниот период заедно со Здружението на пензионери ќе се отвори дебата за утврдување на најниската пензија за, како што истакна, да им се излезе во пресрет на оние пензионери кои имаат најниски примања.
Усогласувањето на пензиите почна од септември минатата година, согласно новата методологија за раст на пензиите која Владата ја усвои лани. Во септември минатата година пензиите се зголемија за 6,8 отсто, со што просечната пензија од 16 348 денари се зголеми на 17 666 денари.