strumica denes logo

Македонија заостанува по странски инвестиции на Балканот, Србија прва со 4,6 милијарди долари

Автор:

Датум:

јули 11, 2023

Автор:

Датум:

јули 11, 2023

Како што се вели во извештајот Агенцијата на Организацијата на Обединетите нации за економија и трговија (УНЦТАД) лани во Србија биле инвестирани околу 4,6 милијарди долари,а во Македонија со 794 милиони. Пред нас е Албанија со 1,4 милијарди долари и Црна Гора со 877 милиони долари,а по нас Босна и Херцеговина со 661 милиони

Србија е на прво место во регионот на Западен Балкан по странски инвестиции. Како што се вели во извештајот Агенцијата на Организацијата на Обединетите нации за економија и трговија (УНЦТАД) лани кај нашиот северен сосед биле инвестирани околу 4,6 милијарди долари.

Втора  земја според инвестициите на странскиот капитал е Албанија со 1,4 милијарди, по неа доаѓа Црна Гора со 877 милиони, Македонија со 794 милиони и Босна и Херцеговина со 661 милиони долари.Косово не е вклучено во извештајот бидејќи не е земја членка на Организацијата на Обединетите нации, информираат регионалните медиуми.

Извештајот, исто така, дава позитивна оценка за иницијативите преземени од Албанија во рамки на заштитата на животната средина и производството на обновлива енергија. Според податоците објавени од Централна банка на Албанија, нивната вредност достигнала 308 милиони евра, што е зголемување од 1,65 проценти во однос на истиот период пред една година.

Деновиве на темата странски инвестиции во слободните индустриски зони се произнесе и Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ. Тој го презентираше извештајот за првите шест месеци од 2023 годината, но потенцирапе дека за сите години досега е надмината  вкупната бројката од над 17.000 вработени во Зоните.

-Постигнати договори за инвестиции има од над 280 милиони евра меѓу кои и најголемата гринфилд инвестиција од осамостојувањето на државата од 205 милиони евра со тајванскиот електро-гигант Јагео се клучните достигнувања и ефектите од работењето на ТИРЗ во првите шест месеци од годинава-кажа Деспотовски.

Според него во зоните имаме над 800 нови работни места само од почетокот на годинава.

-Ова се должи пред се на засилената динамика на вработување, односно на ангажирање на луѓе кои што се реализираат заради новите договори кои што се потпишани во изминатите години. Очекувам ваквиот тренд да продолжи и до крајот на годинава, кажа Деспотовски.

Анализата на ТИРЗ покажува дека бројот на вработени во првото полугодие оваа година во компаниите е поголем за пет отсто, додека споредено со јуни минатата година е регистриран пораст од 14%. Деспотовски најави дека ТИРЗ почнува и кампања за промоција на европски работни места дома, која е посебно насочена кон младите.