Македонија лани привлекла 794 милиони долари директни странски инвестиции

јули 12, 2023

Србија е на врвот, а Босна и Херцеговина е на дното меѓу балканските земји по износот на странски инвестиции во изминатата година, стои во Извештајот на Агенцијата на Обединетите нации за економска и трговска организација (UNCTAD), пренесува Инвестор.

Во Србија лани се инвестирани околу 4,6 милијарди долари, а во Албанија 1,4 милијарди, Црна Гора е со 877 милиони, Северна Македонија со 794 милиони и Босна и Херцеговина со 661 милиони долари. Министерот за финансии на Србија Синиша Мали неодамна изјави дека заклучно со 20 јуни годинава, во нивната земја привлекле повеќе од 1,9 милијарди евра директни странски инвестиции.

„Лани тие изнесуваа 4,4 милијарди евра, пред тоа 3,9 милијарди, а во 2020 година 3,8 милијарди евра. Тоа се нови фабрики, погони, нови технологии, нови искуства за нас и начини за изградба на одржлива економија и причина зошто имаме позитивни стапки на раст“, рече Мали.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ