strumica denes logo

Македонија и Црна Гора заеднички ќе аплицираат за влез во PayPal

Автор:

Датум:

јули 22, 2023

Автор:

Датум:

јули 22, 2023

Црна Гора и Македонија заеднички ќе аплицираат за да бидат дел од онлајн системот за плаќање Пејпал (PayPal), беше соопштено на седницата на Владата на Црна Гора.

Министерот за јавна администрација Дукај Мараш рече дека претстои важна посета на Скопје поради што предложил предлог платформа за средба со тамошниот министер, пишува Инвеститор, а пренесува Блиц.

– Ова е многу важна посета, се работи за склучување на меморандумот на двете министерства на Црна Гора и Македонија со цел дигитализација и безбедност на информациите. Исто така, идеја е Црна Гора заедно со Северна Македонија да аплицираат за Пејпал, што беше предложено од самата компанија – рече тој.

Мараш изјави дека Пејпал предложи двете земји заедно да имаат поголеми шанси да станат дел од таа мрежа за онлајн плаќања.

Во моментов, Пејпал трансферот на пари е овозможен во Црна Гора само во една насока, односно при плаќање на стоки и услуги преку Интернет. Добивањето пари преку оваа платформа сè уште не е можно, што претставува значајна бариера за сите оние кои планираат да работат онлајн.