strumica denes logo

Ковачевски: Со 100 милиони евра поддржавме 919 домашни компании, инфалцијата ќе продолжи да се намалува

Автор:

Датум:

октомври 9, 2023

Автор:

Датум:

октомври 9, 2023

Премиерот Димитар Ковачевски на денешниот настан #МКЕкономија зборуваше за растот на државната помош кон домашните компании.

„Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите, од неговото воведување, па до денес, поддржа 919 компании со 100 милиони евра. За шест години, државната помош кон домашните компании е зголемена за 11 пати, од 3,2 милиони евра во 2018 година, до 35 милиони евра во 2023 година. Државната поддршка за стопанството е сериозна. Речиси 150 милиони евра изнесува буџетската поддршка за домашните и странските компании годинава или пет пати повеќе во споредба со периодот од пред пет години“ посочи Ковачевски.

 

Премиерот Ковачевски во своето обраќање истакна дека македонската економија е стабилна, дека мерките што се преземаат успеале да амортизираат дел од последиците од светската економска и енергетска криза.

„Дека мерките даваат резултат јасно е отсликано преку трендото на на намалување на стапката на инфлација. Инфлацијата во август оваа година беше 8,3 а во август минатата година беше 19,8 проценти, рече Ковачевски додавајќи дека трендот на намалување на инфалцијата ќе продолжи и понатаму.