strumica denes logo

КОВАЧЕВСКИ: Денес лично се уверив дека овие одлуки за намалување на цените се почитуваат од страна на трговците и производителите!

Автор:

Датум:

март 16, 2023

Автор:

Датум:

март 16, 2023

Димитар Ковачевски, премиер на Република Македонија:

Неуморно работиме на подобрување на животот и стандардот на нашите граѓани.

Ја намаливме и замрзнавме цената на белиот и полубелиот леб. Во истата насока продолживме и со намалување на цените на тестенините за 15%. Ги намаливме цените на млечните производи за 10%. Со ова сакаме да го обезбедиме потребното олеснување за семејствата и олеснување на семејните буџети.

Нашиот фокус е долгорочен и не застануваме овде. Посветено градиме посветла иднина за сите нас. Создаваме просперитетна држава и инвестираме во нашите граѓани и нашите бизниси.

Денес лично се уверив дека овие одлуки за намалување на цените се почитуваат од страна на трговците и производителите.

Никого не оставаме сам да се справува со кризата!