bandr
Економија

Конeчно: Бензинот поефтинува за 2,5 денари, дизелот за 1 денар

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 2,5 денари по литар, а дизел горивата за еден, односно половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,62, односно за 2,43 отсто.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР-95 е 60,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава за 61,50, ЕУРОСУПЕР БС-95 за 62, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 63,50 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за еден денар се намалуваат малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (D-E IV) и на ЕУРОДИЗЕЛ (D-Е V), додека малопродажната цена на Екстра лесното за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за половина денар по литар. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (D-E IV) ќе изнесува 48,50 денари за литар, на ЕУРОДИЗЕЛ (D-Е V) 49, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 38 денари за литар.

За 0,267, односно за 0,275 денари за килограм се намалуваат и малопродажните цени на мазутот М-2 и на мазутот М-1 НС, кои сега ќе се продаваат за 24,407, односно 25,937 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на цените на нафтените деривати од РКЕ ги изнесуваат за 2,99 отсто пониската просечна цена на суровата нафта во изминатиот 14-то дневен период, како и за 0,58 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.