Темпото на технолошки промени што храбро ги опфаќа бизнисот и општеството го одзема здивот и не’ води кон нова реалност, нова ера која се нарекува дигитална ера.
Размислете каде сме денес. 1,25 трилиони долари беа потрошени за дигитална трансформација на глобално ниво во 2019 година, а таа цифра според Меѓународната корпорација за податоци (IDC) ќе се зголеми до 1,97 трилиони долари за дигитална трансформација на бизниси во 2023 година. Над 60 проценти од глобалниот БДП ќе биде дигитализиран со раст во секоја индустрија поттикнат од дигитално подобрени понуди, операции и односи. Претпријатијата ќе доживеат пресвртница. Во средина каде што сите велат дека стануваат дигитални, ќе ни треба нов сет на правила за да бидеме успешни.
Следниот бран на технологија ќе биде „револуционерен“ и клучен за сопствениците. Компаниите кои ќе ја прифатат новата дигитална ера, ќе можат подобро да ги разберат потрошувачите, вработените и деловните партнери и нивните цели и барања. Подобро од кога било досега ќе имаат можност да се приближат уште повеќе и да дејствуваат „во моментот“ на потребите на луѓето. Темпото на иновациите веќе почна драстично да се зголемува. Меѓународната корпорација за податоци (IDC) исто така неодамна имаше објавено своја анкета во која 94 проценти од деловните и ИТ директорите што ги анкетирале, велат дека темпото на иновации во нивните организации се забрзало во последните три години поради новите технологии.
Како што Муровиот закон се приближува до своите граници и се појавуваат нови типови на пресметување, технологијата навлегува подлабоко во секој аспект од животот и работните искуства на луѓето.
Повеќето од новите технолошки достигнувања се позитивни. Видовме блескави прикази со користење на вештачка интелигенција како и виртуелната реалност. Повеќе од половина (3,9 милијарди) од глобалното население користи Интернет, што претставува поинклузивно глобално информатичко општество. Технологијата создава свет на нови искуства и барања, а компаниите кои сакаат да се дигитализираат ќе морат да направат комплетна реорганизација за да ги доловат и искористат сите предности кои ги нуди новата дигитална ера. Факт е дека скоро секој бизнис денеска станува и дигитален бизнис. Повеќето компании кои нема да одлучат да се дигитализираат, најверојатно ќе се соочат со големи загуби во иднина.
Пат до дигитална ера има секој од нас. Одлучете се за дигитална трансформација со примена на нови технологии, инвестирајте во вашите бизниси и способности и изградете дигитални вештини кои ќе ви донесат уште поголеми успеси во времето што допрва доаѓа.
„Првиот чекор е да одредите дека нешто е возможно, а потоа ќе се појави веројатноста да стане реално.“ – Илон Маск
Јане Киров, уредник во портал Струмица Денес.