ЕУРОМАКС РЕСОУРЦЕС: Вистина #5 – да ги препознаеме можностите за заеднички успех!

ноември 23, 2023

Ајде сите заедно конечно да ги отфрлиме вкоравените предрасуди и стереотипи, колективно да ја победиме и надминеме наметнатата песимистичка психоза на ноторни „лузери“ на кои ете никој не им мисли добро, а странските инвеститори или „клетите профитери“ само ги искористуваат за нивните лукративни интереси.
Еден од најголемите и највлијателни научници на сите времиња AlbertEinstein честопати ја користел забелешката дека состојба на вистинското лудило е доколку продолжите да ги повторувате или постојано да ги правите истите работи а да очекувате поинакви и подобри резултати!

Секој разумен и одговорен човек во нашата држава би требало добро да знае дека за да се постигнат практични резултати за прогрес кон поквалитетни животни услови не се доволни само декларативни заложби и празни пароли – неопходни се конкретни активности и дела. И покрај огромните предизвици на глобално ниво, светот незапирливо оди напред и динамично се менува што пак наметнува неопходна потреба и наша адаптибилност за да ги препознаеме и прифатиме „промените“ како МОЖНОСТ за ЗАЕДНИЧКИ УСПЕХ! Врвен чин на вистински патриотизам не е да бидеш подготвен (ако треба !?) да „умреш“ за државата туку да си искрено подготвен да ЖИВЕЕШ за својата држава и да ЖИВЕЕШ ВО СВОЈАТА ДРЖАВА! Искрените патриоти се исполнети со позитивна енергија и секогаш даваат максимум од своите интелектуални и професионални капацитети преку акција и дела да придонесат за подобар и подостоинствен живот за нив, нивните семејства, нивните сожители…. за СИТЕ граѓани на нивната држава.

Ние во ЕуромаксРесоурцес имаме јасна цел и визија. Насочени напред кон просперитетна иднина немаме никаква дилема дека само со агресивно инвестициско вложување во индустрија, отворање на нови капацитети, производство и многукратно зголемен ИЗВОЗ може реално и забрзано да се придвижи националната економија со што ќе се создадат услови за позитивни промени и напредок. Извозот е еден од главните носители на развојот затоа што обезбедува ликвидност на стопанството, а современото одржливо рударство кое се потпира на наука, професионализам, најнапредни техничко-технолошки процеси, практики и стандарди несомнено е една од најзначајните компаративни предности за успешност на националната економија.

Веќе со години во Македонија сите релевантни општествени чинители се натпреваруваат кој подраматично ќе констатира и укаже на девастирачките последици од „белата чума“ или долгогодишниот незапирлив процес на економски мотивираната миграција кон развиените земји на ЕУ, Америка и Австралија. Да, сите констатираат, ветуваат промени и толку. Нема никакви практични резултати, затоа што недостигаат конкретни „акции и дела“. Интензитетот на „болеста“ се повеќе се зголемува а за жал најголем дел од помладата и добро едуцирана генерација отворено потврдува дека во земјава не гледаат реална перспектива и затоа планираат да ја искористат секоја можност да се иселат во странство…. Реализацијата на нашиот мега-инвестициски проект за рударскиот комплекс „Иловица-Штука“, реално обезбедува потреба од професионално диверзифицирани нови и добро платени околу 3200 директни и „индиректни“ вработувања!

Кога зборуваме за современите рударски комплекси на 21-от век прво треба да ја отфрлиме застарената перцепција за рударството како исклучиво машка професија затоа што тие обезбедуваат еднакви можности за родова балансираност на работните места. Таквите рудници имаат потреба за директни вработувања на рударски, машински и електро инженери, металурзи, геодети, хемичари, економисти и правници во администрацијата, оператори на машини, одржување, сметководители, човечки ресурси, информатичка технологија, доктори и медициски персонал, стручни референти за грижа за животна средина и социјални аспекти итн.

По конечното разрешување на неправедно наметнатите административни спорови кои предизвикуваат екстремно пролонгирање за практична реализација на проектот „Иловица-Штука“, само за првите две години на интензивната изградба на рударскиот комплекс обезбедена е инвестиција од околу 350 милиони евра. Околу 180 милиони евра во оваа фаза на изградбата ќе бидат инвестирани преку комерцијални договори со домашни компании од регионот како и пошироко од нашата држава. Тоа што е веројатно уште позначајно за регионалната но и за националната економија е фактот дека во целиот период од активно функционирање на овој рударски комплекс или во следните триесетина години ќе се исплаќаат кумулативно по околу 70-75 милиони евра секоја година на поголемиот број локални и регионални кооперанти по договори за деловен „outsourcing“ за континуирано снабдување со неопходни производи, потрошни добра, тековно одржување и најширок спектар на сервисни услуги. Зборуваме за екстензивен опфат на домашни компании кои се занимаваат со транспорт, градежништво, земјоделие, угостителство и прехранбена индустрија, текстилна, хемиска и дрвна индустрија, занаетчиство, техничко и машинско сервисирање итн.

Проектните пресметки потврдуваат дека секоја година редовно ќе уплатуваме приближно по 25 милиони евра за законски давачки, даноци и такси во државниот буџет. Она што е најважно за жителите од струмичкиот и под-огражденскиот регион или посебно за општините Босилово и Ново Село, е фактот дека секоја година над 3 милиони евра директно ќе се слеваат во буџетите на локалните управи. Се работи за сериозен, редовен прилив на финансиски средства кои во континуитет ќе ги полнат општинските буџети што во голема мерка ќе помогне за непречено реализирање на сите неопходно потребни инфраструктурни и комунални проекти. Искуствата ни потврдуваат дека доколку не се обезбеди стабилен прилив на финансиски средства плановите, ветувањата и декларативните заложби засекогаш ќе останат само промотивен „список на желби“. Само економски развиени и финансиски ликвидни општини, региони и држави можат реално да инвестираат во заштита на животната средина и здравјето на граѓаните, во современа комунална инфраструктура, нови училишта, туристички, рекреактивни и спортски локалитети или воопшто во достоинствени услови за живеење во својата држава за целото население.

Рударскиот комплекс „Иловица-Штука“ се очекува да остварува просечен извоз од над 200 милиони евра годишно со што ЕуромаксРесоурцес би се вклучиле во „ТОП 3“ најголеми извозни компании во државата. Преку реализација на тоа ниво на извоз во континуитет, сериозно би се допринело за намалување на трговскиот дефицит од над 15% на годишно ниво. Значително ќе го зголеми приливот на девизни средства со што ќе се подобрува националната структура на билансот на плаќања и ќе придонесе за олеснување на мерките за одржување стабилен курст на денарот. Согласно актуелните сосотјби и расположливите статистички показатели, се проценува дека активно работење на овој рударски комплекс ќе придонесе за просечно зголемување на БДП за околу 4% на годишно ниво.

Веќе одамна детектираната неопходност од приоритетен и забрзан развој на нашата национална економија – сега и веднаш!, најпластично може да се разбере преку потсетување на анализите објавени во „Нова Македонија“ (2021 година). Во тие компаративни анализи произлегува дека ние со нашите ниски стапки на економски раст всушност се повеќе се оддалечуваме наместо да се доближуваме до Европа. Хипотетички земено, доколку економскиот раст во развиените земји на ЕУ „застане“, нам би ни бил потребен минимум 6% економски раст годишно за да ги достигнеме за околу педесетина години. Доколку растот кај овие развиени земји продолжи со минимални стапки од околу 2%, нам во тој случај веќе би ни требало двоцифрена стапка на економски раст за да го достигнеме нивниот просечен БДП по жител за околу стотина години!??

Колку и да ова изгледа длабоко разочарувачки ние рационално и разумно мораме да ја разбереме суровата реалност која всушност треба да не мотивира за конструктивна акција и конкретни дела кога е сосема јасно дека неопходноста од забрзан економски раст не е калкулативна можност во изборот на приоритети туку „егзистенцијална борба за опстанок!“

Повеќе на линкот.

Комерцијална ПР објава

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ