strumica denes logo

ЕЛЕМ: „СВ ИНВЕСТ“ НИКОГАШ НЕ БИЛА АНГАЖИРАНА ЗА ТРАНСПОРТ НА ЈАГЛЕН ВО РЕК БИТОЛА!

Автор:

Датум:

април 30, 2018

Категории:

Економија

Автор:

Датум:

април 30, 2018

Категории:

Економија

Фирмата „СВ Инвест“ – Битола никогаш не била ангажирана како подизведувач за транспорт на јаглен во РЕК Битола, информираат од АД Електрани на Македонија.

Нагласуваат дека тврдењето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е целосно неточно.

Мицкоски денеска во видео обраќање побара од Обвинителството да провери дали е точно дека компанијата „СВ Инвест“ е ангажирана за подизведувач во оперативните градежни работи во РЕК Битола.

Од видео материјалот може да се види дека фирмата „СВ Инвест“ врши превоз на јаглен со товарни возила кои се со јасна ознака на оваа компанија, но се со струмички регистерски таблици. Тоа е така бидејќи сопственик на овие камиони кои се гледаат од видео материјалот не е „СВ Инвест“, туку компанијата „ДГИ Тотал Инжинеринг Струмица“ каде управител и сопственик е лицето Вице Заев, брат на премиерот Зоран Заев, обвини Мицкоски.

Мицкоски во своето обраќање порача дека криминалот и корупцијата сериозно го гушат македонското општество.