strumica denes logo

Бонус плати за вработените во МВР со над 150 часови прекувремена работа во 2022 година

Автор:

Датум:

февруари 28, 2023

Автор:

Датум:

февруари 28, 2023

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на својот профил на Фејсбук објави дека започнува прибирањето на податоци за вработени во МВР коишто оствариле над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво, со што, согласно Колективниот договор, ќе им бидат исплатени бонус плати.

– Откако го преземав раководењето со МВР, како приоритет се воспостави редовната исплата на бонус плати за над 150 изработени часови прекувремена работа на годишно ниво, како гарантирано право на вработените во МВР согласно Колективниот договор. Така, во периодот од 2017 до 2022 исплатени се бонус платите за 2017 и 2018, за коишто не беа обезбедени и исплатени средства од претходното раководство на МВР, а продолживме и со редовна исплата на бонус платите за 2019, 2020 и 2021 година, за што вкупно беа обезбедени и издвоени 561.773.133 денари или 9.060.857 евра, средства од Буџетот на МВР предвидени за остварување на ова право на вработените, истакна Спасовски на својот Фејсбук профил.