Битиќи: Македонија веќе не е земја со евтина работна сила

март 28, 2023

Успеавме да ја промениме перцепцијата на странските инвеститори за зоните и перцепцијата дека земјата е дестинација со евтина работна сила. Сега странските инвеститори одлучуваат да вложуваат во нашата земја не поради ниските плати на вработените, туку поради другите поволни услови за бизнис што ги нудиме како земја, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи од собраниската говорница.

Трендот на позитивни резултати во ТИРЗ зоните, Битиќи очекува да продолжи и годинава.

– ТИРЗ покажаа извонредни резултати минатата година, а овој тренд очекувам да продолжи и во 2023 година. Нема подобра потврда дека земјата се движи во вистинска насока од отворањето на нови работни места, капиталните инвестиции, зголемувањето на пензиите и поддршка на граѓаните, компаниите, субвенции за земјоделците и нови странски инвестиции, истакна Битиќи.

Како што посочи вицепремиерот, растот на извозот и на работните места продолжил и оваа година. Месечната анализа во февруари покажала дека компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од над 330 милиони евра што е за 20 проценти повеќе од јануари годинава, за 26 проценти повисок од 2021 година и за 53 проценти во однос на 2020 година. Бројот на вработени во јануари забележал раст и сега е на ниво од 16.500 вработени. Само во првите два месеца од годинава во компаниите во ТИРЗ зоните отворени се речиси 190 нови работни места.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: