3 СТРУМИЧКИ КОМПАНИИ МЕЃУ ТОП 15 ИЗВОЗНИЦИ ВО МАКЕДОНИЈА!

јануари 10, 2023

Македонскиот прехранбен сектор, во кој доминираат компании со мнозински домашен капитал, е еден од секторите кои беше најмалку погоден во пандемијата, дури одредени сектори имаа и раст на извозот.

Зголемувањето на цените на суровините и амбалажата, повисоките трошоци за транспорт влијаеа врз работењето на повеќето прехранбени извозни компании, но и покрај тоа голем дел од нив успеаа да ги задржат позитивните трендови во бизнисот и во продажбите дома и во странство, што по кој знае кој пат ја потврдува нивната жилавост и способност да се прилагодат на неочекувани околности.

И покрај сите економски препреки кои се појавија на патот, овие 3 струмички фирми сепак успеаја да се истакнат меѓу најдобрите.

На прво место се наоѓа „АЛ-Макс“ рефинерија за масло со извоз од 17.479.633 евра во 2020 и 2021  година,

На второ место се наоѓа „Тргопродукт“ производителот на ајварите и преработки од брендот Мамас со извоз од 13.532.398 евра во 2020 и 2021 година,

И за крај на трето место се наоѓа „Макс“  производител на прехрамбени продукти со 10.456.363 евра во 2020 и 2021 година.

 

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ