Во 2021 година во земјава имало 177.622 говеда и во однос на 2020-та, нивниот број се намалил за 44.580. Во земјава се увезуват над 7.500 тони свежо и 2.600 тони замрзнато говедско месо. Македонија годишно троши по четириесеттина милиони евра за увоз на овој вид месо
Освен ако не е за бебе, македонските граѓани, ретко купуваат телешко, а уште помалку говедско месо. Цената на јунешкото месо достигна и над 700 денари за килограм, но сега барем до 30 ноември е пониска за 10 отсто, откако Владата ги замрзна цените. И месарите потврдуваат дека говедското се троши минимално.
Цените на говедското месо ќе продолжат да бидат високи бидејќи се очекува да продолжи намалувањето на стадата, соопшти Европската комисија во својот последен извештај. Во 2021 година во земјава имало 177.622 говеда и во однос на 2020-та, нивниот број се намалил за 44.580.
Во земјава се увезуват над 7.500 тони свежо и 2.600 тони замрзнато говедско месо. Македонија годишно троши по четириесеттина милиони евра за увоз на овој вид месо.
-Се проценува дека производството на говедско месо ќе опадне петта година по ред во 2023 година. Во првата половина од годинава бројот на заклани говеда е веќе намален за 3,8 отсто, а се очекува пад од речиси два отсто за цела година – пишува Агроклуб.
Релативно високите цени на говедското месо ја ограничуваат продажбата на мало и угостителството, но го ограничуваат и увозот – особено висококвалитетното говедско месо. Сточарите и во иднина ќе се соочуваат со високи производствени трошоци, а особено со високи цени за добиточна храна, што негативно ќе се одрази на рентабилноста. Клиентите повеќе ќе се свртат кон живината поради пониските цени. Друг негативен фактор е сушата, која ја ограничува достапноста на храна за добитокот. Најголемо намалување на бројот, особено на млечните крави, се очекува во Франција, Шпанија и Португалија.
Во последниот извештај, Европската комисија оценува дека овој тренд ќе продолжи и следната година. Иако има закрепнување на извозот на добиток, особено во Турција во 2022 година, аналитичарите очекуваат дека во иднина законодавството на ЕУ за благосостојба и транспорт на живи животни значително ќе го ограничи извозот на жив добиток.
Во 2020 година биле регистрирани 8.051 грла говеда, а во 2021 година нивниот број драстично опаднал на 2.397. Во пад е и одгледувањето на говеда и кај индивидуалните земјоделци.