Државниот пазарен инспекторат казнил четири субјекти со 300.000 денари заради продавање леб со повисока цена од 33 денари

март 3, 2023

Пазарниот инспекторат заедно со трудовиот инспекторат и Агенцијата за храна и ветеринарство веќе два дена ги проверуваат производителите на леб.

Како што информираше вечерва Александра Котели, биле извршени 234 на територијата на целата држава.

„Во овие контроли се направени 4 записници со утврдени неправилности, изречени се парични казни од над 300 000 денари. Казните се многу високи, согласно законот за трговија, па и законот за заштита на потрошувачите, каде што се движат од 500-тини до 10 000 евра по правен субјект или од 50 до 500 евра по одговорното лице во правното лице.Во Скопје се утврдени три неправилности и во Куманово една неправилност, односно ситуација каде што лебот не е по замрзнатата цена, односно беше над 33 денари.“ – изјави Котели.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ