strumica denes logo

112 милиони евра помалку од ДДВ за 7 месеци

Автор:

Датум:

август 28, 2023

Автор:

Датум:

август 28, 2023

Погрешно планирање од Министерството за финансии, потфрлање во реализацијата или намалена економска активност – на што се должи кусокот од 112 милиони евра во државната каса, собрани по основ на ДДВ во првите 7 месеци од годинава ?

Финансии планирале од оваа давачка во државната каса да се соберат нешто повеќе од 725 милиони евра, но собрале само околу 613 милиони евра.

Од УЈП објаснуваат дека намалената наплата се должи на понискиот платен ДДВ при увоз на електрична енергија и гас кои се резултат на законски измени, но до крајот на годината очекуваат наплатата да се подобри.

Министерот за финансии Фатмир Бесими пред некој ден беше изненаден и збунет од прашањето на Канал 5, зошто наплатата не оди според планираното. Конкретно не одговори, но се пофали дека за разлика од лани има подобрување.

Според дел од експертите бројките покажуваат сериозно потфрлање на наплатата. Академик Абдулменаф Беџети смета дека лошите резултати не може да се препишат само на мерките за кризата, според него ова е аларм дека треба повеќе да се работи на сузбивање на сивата економија.

„Јули зачудува, бидејќи има доста дијаспора кои влијаат доминантно во промет, така да очекувам август да има подобрување и ако до септември нема подобрување, ќе треба промени./ Зајакнување на контролни органи, не само УЈП, туку и трудова и пазарна инспекција и без никаква селекција. Во одредени делови од државата има огромно затајување по однос на нефискализирање“,изјави Абдулменаф Беџети, академик.

Според пресметките на бизнис секторот пак, поради сивата економија државата годишно губи по половина милијарда евра. Анализите на Стопанската комора им покажале дека во земјава сивата економија изнесува над 33% од БДП што е далеку повисоко од просекот во европските земји каде е 19 отсо. Постојано апелираат наместо да се посега по носење на нови даноци или зголемување на даночни стапки – да се натераат сите да плаќаат.

ДДВ-то има еден од најголемите удели во приливите на буџетот. Од вкупно 4,5 милијарди евра, по овој основ годинава се предвидени 1,3 милијарди евра.