Претседателот на МВП Академија Сашо Масев на својот официјален фејсбук профил напиша дека за прв пат во историјата на клубот и воопшто во историјата на струмичката кошарка се доделени стипендии за најдобрите шест играчи од младинските категории.
„За првпат во историјата на нашиот клуб и за првпат во историјата на струмичката кошарка доделени првите стипендии за најдобрите шест играчи од младинските категории. Годинава како Претседател на клубот одлучив најдобрата генерација и онаа која во најдобро светло и на најдобар начин ја промовира струмичката кошарка, генерацијата која 3 години беше дел од најдобрите 4 екипи во Македонија, да биде целосно ослободена од плаќање на чланарина, а 6 деца секој месец да добиваат стипендии согласно залагањето, редовноста и посветеноста во рамки на тренажниот и натпреварувачкиот процес. Нека ова биде поттик и мотивација за сите деца и за сите генерации! Се гордеам со сите вас! ❤❤❤“ – напиша тој.
Инаку, Тренерскиот тим на МВП Академија го сочинуваат : Ики Христов, Здравко Јовановски, Васко Глигоров! Во клубот членуваат 120 дечиња распоредени во повеќе категории и е единствен тим кој работи и со девојчиња!