ВОЛКАНОВСКИ ЈА ОДБРАНИ ШАМПИОНСКАТА СВЕТСКА ТИТУЛА И ПРЕД ЦЕЛИОТ СВЕТ ИЗЈАВИ: Моето презиме е Македонско и татко ми е Македонец!

јули 12, 2023

Во главната борба на настанот УФЦ 290 што се одржа ноќта меѓу саботата и неделата во Лас Вегас, Австралиецот со македонски корени, Александар Волкановски во третата рунда со технички нокаут го победи мексиканскиот борец Јаир Родригез. Волкановски петти пат по ред успешно го одбрани појасот во перо категорија.

Волкановски и покрај тоа што во мечот влезе со повреда на раката, не дозволи изненадување. Се наметна како подобра борец од почетокот, а во третата рунда го нокаутираше противникот.

„Татко ми е Македонец, и моето презиме Волкановски е Македонско. Мајка ми е со потекло од Грција“ – рече Волкановски

Таткото на Волкановски потекнува од битолското село Беранци. Тој е одамна преселен во Австралија, и таму Волкановски ја изгради својата успешна кариера.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ