Викендов, во просториите на Шаховски Клуб ЦАРЕВИ КУЛИ, се одигра третиот по ред РАПИД Гран Прин 2023 турнир, формат 10+5, на кој тројцата најдобро пласирани беа:
1. Панче Шарламанов (6 од 7 поени)
2. Стојан Темелковски (5,5 од 7 поени)
3. Борис Калев (5,5 од 7 поени)
Христијан Попов освои 4 од 7 поени и беше најдобро пласиран малолетник.
Ова е и линкот до конечната табела од третото коло:
https://swisssystem.org/…/af7f9fbf9ce347018f213cc46d4cc496
После одиграните три кола, според бројот на освоени поени, првите три места ги држат:
1. Панче Шарламанов (20 поени)
2. Димитар Глигоров (16 поени)
3. Наце Дробаров (16 поени)
Најдобро пласиран малолетник е Христијан Попов кој е на 14-то место со 11,5 освоени поени.