(ВИДЕО) Струмичанецот Секулов игра маестрално и погодува мајсторски за Јувентус У-17

септември 18, 2018

Никола Секулов е член на младинската академија на Јувентус и сезонава е дел од У-17 тимот на „бјанконерите“, кој е предводен од Франческо Педоне.

Во второто коло од националното првенство, Јувентус изминатиов викенд стигна до втората победа, триумфирајќи над Кремонезе со убедливи 4:0, а Секулов не само што беше стартер, туку го постигна и вториот погодок за својата екипа.

Популарниот Нико чии родители се од Струмица, а е роден во Пјаченца, одлично се снајде во една мешаница во шеснаесетникот и мајсторски ја смести топката во мрежата на противникот.

https://www.facebook.com/macedoniawithjuventus/videos/837387323318277/?t=1

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна:

НАЈНОВИ ВЕСТИ