>Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, на својот инстаграм-профил објави видео снимено во соблекувална, каде игра на песната Living on a Prayer од „Бон Џови“. Фудбалерот на „Џенова“ доби различни коментари, некои му напишаа дека „е тапа за танцување“ и дека играњето и не му силна страна, а други коментираа дека видеото е симпатично и забавно.
Пандев во моментов игра за италијанскиот клуб „Џенова“. Кариерата ја почна во „Беласица“ од Струмица. Беше член на „Интер“, „Лацио“ и „Наполи“ од Италија, а настапуваше и во „Галатасарај“ во Турција. Пандев го држи и рекородот за најмногу постигнати голови во репрезентацијата, 31, со што го урна рекордот што пред него го држеше Ѓорѓи Христов.