Португалскиот ас Кристијано Роналдо е предводник на нападот на својата селекција против Гана, а натпреварот го одбележа интересен момент.
Во еден од воведните напади на натпреварот, Роналдо се обиде да постигне погодок со глава. Она што импресионира беше неверојатниот скок на ветеранот кој и на 37 години покажа дека е во врвна форма.
Сите останаа одушевени од скокот на Кристијано, а Ганците споредено со него изгледаа како да се мали деца…