strumica denes logo

Струмица се поблиску до Втора лига!

Автор:

Датум:

април 2, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

април 2, 2018

Категории:

Спорт

Со тројца нови кошаркари и еден повратник во тимот, Струмица ќе се обиде да го направи (не)возможното и да обезбеди опстанок во Првата лига.

Но, и покрај реновирањето на составот, го загуби првиот меч од плеј-аутот од Фени Индустри со 81:86. Вистина, по продолжение, но во оваа фаза од сезоната не се смета впечатокот, туку само конечниот резултат.

Струмичани имаа шанса да дојдат до првата победа по повеќе од два месеца, односно по 21 јануари кога на домашен терен го совладаа Карпош Соколи. Имаа 54:44 пред крајот на третата четвртина, потоа 75:73 на 28 секунди пред крајот, а и напад за победа при резултат 75:75.

Гејтис не погоди тројка, па натпреварот отиде во продолжение во кое Фени подобро се снајде, брзо направи +5 и успеа да ја сочува предноста до крајот.

На кавадаречкиот тим му се потребни уште три победи во преостанатиот дел од плеј-аутот за и математички да го обезбеди опстанокот иако уште сега може да почне да се подготвува за идната сезона во елитата.

Фени погоди дури 15 тројки, најмногу од нив (шест) беа дело на Сапунџиев кој и беше најефикасен во својот тим со 19 поени и 11 скока. Дабл-дабл ефект остварија и Јане Петровски (13 поени, 14 асистенции) и Биберовиќ (18 поени, 18 скока).

Струмица можеби загуби, но потврди дека во своите редови има одличен играч. Мрѓан Мирковиќ постигна 23 поени и 14 скока и сигурно ќе биде закана за противниците на претстојните натпревари.