По две гостински победи, конечно еден домаќин победи во финалето на плеј-офот на шампионатот на Македонија во одбојка. Попладнево во Струмица, истоимената домашна екипа го совлада Вардар со 3-1 и поведе со 2-1 во серијата подобар од пет.
Искусните струмички одбојкари не ја повторија грешката од пред четири дена и стигнаа до авторитетна победа, без многу ризик во одлучувачкиот сет во натпреварот.
Во вторник Вардар ќе биде домаќин во четвртиот натпревар, а во случај на победа на Струмица, стариот шампион ќе ја одбрани титулата. Во случај да победат „црвено-црните“ ќе се игра мајсторка на теренот на Струмица.