СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ИГОР ЃУЗЕЛОВ!

април 2, 2018

Игор Ѓузелов е еден од многуте фудбалски интернационалци кои потекнуваат од ФК БЕЛАСИЦА.

Својата фудбалска кариера ја започнува во ФК БЕЛАСИЦА, а на 19 годишна возраст преминува во ФК Силекс од Кратово каде настапува цели 4 години. Во 1999 година преминува во Хајдук од Сплит(Хрватска) настапувајќи 2 сезони, а од таму се сели во Украина каде настапува во екипите на Шахтор Доњецк и Металург Доњецк се до 2006 година, за потоа една сезона да настапи во израелски Хапоел Петах, а од таму да премине во белгиски Серкл Бриж каде настапува се до 2010 година.

Во својата богата интернационална кариера Ѓузелов се има закитено и со многу шампионски титули.

За фудбалската репрезентација на Македонија има 18 настапи и има постигнато 1 погодок.

Споделете ја оваа вест доколку ви се допадна: