АК БЕЛАСИЦА РАН:
Еден ден по настапот на 22-риот Шри Чинмој маратон за себенадминување кој воедно беше и државно првенство во полумаратон и ден поминат во средување на импресиите, редно е да објавиме дека имаме подиум. Честитки за Столе Ангеловски кој го освои третото место во категоријата маратон и го донесе првиот пехар за нашиот клуб, успех кој се надеваме ќе биде поттик за сите. Воедно во категоријата полумаратон настап забележаа и Васил Георгијевски и Марјан Стојков. До нови успеси!