strumica denes logo

Папули – најмладиот првотимец во Академијата Пандев

Автор:

Датум:

август 10, 2018

Категории:

Спорт

Автор:

Датум:

август 10, 2018

Категории:

Спорт

Екипата на Академија Пандев од денеска е „побогата” за уште еден млад фудбалер.

Имено, потпис на договорот со струмичкиот прволигаш стави 17. годишниот Јорго Папули.

Станува збор за исклучително талентиран фудбалер, роден 2001 година, кој во својата кратка кариера има настапувано за екипата на Металруг од Скопје, а во текот на минатата сезона беше дел од екипите на Динамо од Букурешт и на Стеауа, водечките во фудбалска Романија.