Струмица дефинитивно живее за вакви настани како денешниот! Натпреварот Македонија-Грција кој се одигра вечерва во Струмица ги собра струмичани во Спортската сала „Парк“ каде сите навиваа и се радуваа на победата на Македонија! Но, сето тоа немаше да се случи доколку општина Струмица не организираше услови кои ќе бидат достојни за еден ваков голем натпревар. Браво за општина Струмица и се надеваме дека Струмица во иднина ќе продолжи да биде домаќин на вакви големи настани.